Трудна и заљубена – Ванеса Кирби го покажа стомачето и го најави новиот филм

од Љубиша Владимиров
6 прегледи

Актерката Ванеса Кирби (37), најпозната по улогата на принцезата Маргарет во популарната серија на Нетфликс „Круната“, го очекува своето прво дете! Таа ја сподели среќната вест во саботата, на промоцијата на новиот филм „Фантастична четворка“ во Мексико, каде што блескаше во тесен син фустан што го истакнуваше нејзиното трудничко стомаче. Кирби во декември минатата година се сврши со професионалниот лакрос играч Пол Рабил (39), по две години врска.

Гласините за нивната романса започнаа во 2022 година, но парот ја потврди врската дури една година подоцна, кога Рабил објави заедничка фотографија на социјалните мрежи. На промоцијата на филмот, Ванеса се појави заедно со своите колеги – Педро Паскал, Џозеф Квин и Ебон Мос-Бахрах – кои исто така имаат главни улоги во „Фантастична четворка“, кој се очекува да излезе за неколку месеци.

Пред да биде во врска со Рабил, Ванеса беше во врска со актерот Калум Тарнер, кој моментално се гледа со популарната пејачка Дуа Липа. Кирби и Тарнер се разделија во 2020 година, поради пренатрупаниот распоред. Актерката ретко зборува за својот љубовен живот, истакнувајќи дека сака да го чува приватниот живот подалеку од очите на јавноста.

– Ја чувам мојата врска подалеку од очите на јавноста. Тој беше прекрасен и мој најдобар пријател. Секој има право сам да одлучи дали сака да зборува за своите врски. Ако зборуваш, тоа станува интересно за луѓето. Ако не зборуваш – тогаш не – изјавила таа за „Дејли Мејл“.

Слични содржини