Канада ќе одговори веднаш и силно доколку САД навистина воведат царини за увоз од Канада, изјави денеска премиерот на таа земја Џастин Трудо, наведувајќи дека канадските граѓани „ќе се соочат со тешки времиња“ во тој случај.
– Подготвени сме да одговориме, целисходно, силно, но разумно и итно. Ова не е она што ние го сакаме, но ако го воведат, ќе одговориме на тоа – рече Трудо, велејќи дека „сите опции се на маса“, пренесе „Ројтерс“.
Говорејќи пред советодавниот совет за односите меѓу Канада и САД, тој истакна дека Канаѓаните се „вознемирени и загрижени“, но исто така посочи дека владата „има грб“.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави дека САД ќе воведат тарифи од 25 проценти за Мексико и Канада, освен ако тие земји не помогнат во решавањето на трговијата со фентанил во САД и имиграциските прашања, а вчера објави дека тарифите ќе стапат на сила во сабота.
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум претходно денеска изјави дека „кул глави“ ќе ја чекаат сабота, односно воведување тарифи.
Канада извезува околу 75 отсто од своите стоки и услуги во САД.