Трудо: Канада „силно“ ќе одговори ако Трамп воведе нефер царини

од Milan1
0 прегледи

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата земја ќе одговори „силно“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп почне да спроведува царини за Канада.

Трудо им рече на новинарите дека „сè е на маса“, објави „Си-Ен-Ен“.

„Доколку се воведат нефер царини, ние ќе одговориме силно и ќе бидеме таму за да ги поддржиме Канаѓаните и да ги заштитиме нашите интереси“, рече Трудо.

Слични содржини