Трудо: Канада воведува нови санкции за Русија, ќе испрати уште тенкови на Украина

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Премиерот на Канада, Џастин Трудо изјави денес дека неговата земја ќе воведе нови санкции за Русија и ќе испрати уште четири борбени тенкови Леопард 2 на Украина.

Новите санкции ќе бидат насочени против 129 лица, меѓу кои заменици на премиерот Русија и други државни службеници, како и против 63 субјекти, сподели Трудо пред новинарите, цитиран од Ројтерс.

Канада ќе и помогне на Украина и со оклопно возило за поправка на тенкови, а Киев ќе добие повеќе од 5.000 парчиња муниција од Отава.

Слични содржини