211
Канадскиот премиер Џастин Трудо предупреди денеска дека третиот бран на пандемија на вирусот ја погоди земјата.
– Земјите ширум светот се соочуваат со многу сериозен трет бран на оваа пандемија. И сега е исто во Канада – рече Трудо на прес-конференција.
Бројот на хоспитализации рапидно расте, а креветите во одделите за интензивна нега се полнат, предупреди канадскиот премиер.
Канада бележи скоро 5.200 нови случаи на коронавирус дневно оваа недела, пренесува Би-Би-Си. Најнаселената провинција Онтарио беше ставена во ограничена блокада за време на викендот, а здравствените експерти повикуваат на воведување построги мерки, според Танјуг.
Повеќе од 23.000 Канаѓани починаа од ефектите на вирусот корона досега.