449
Канадскиот премиер Џастин Трудо во средата објави дека се разделува од сопругата Софи Грегоар Трудо.
Во објава на Инстаграм, Џастин Трудо напиша дека тој и неговата сопруга донеле одлука да се разделат „по многу тешки разговори“.
„Како и секогаш, ние остануваме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг и за она што го изградивме и ќе продолжиме да го градиме“, напиша Трудо.
Тој додаде дека за доброто на нивните деца, „бараме да ја почитувате нашата и нивната приватност“.
Двојката е во брак од 2005 година и има три деца.