Трудо: Тоа што го прави Русија може да се опише како геноцид

од Nikola Popovski
361 прегледи

Канадскиот премиер Џастин Трудо оцени денеска дека е „апсолутно правилно“ сѐ повеќе луѓе да ја опишуваат руската акција во Украина како геноцид.

– Иако претседателот Бајден посочи дека постојат официјални процеси за утврдување на геноцид, мислам дека е сосема точно што се повеќе луѓе го користат зборот геноцид за да опишат што прави Русија, што направи Владимир Путин, изјави Трудо пред новинарите, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател Џозеф Бајден во вторникот рече дека способноста на Американците да плаќаат за бензин не треба да зависи од тоа дали диктаторот од другата страна на светот ќе започне војна и „ќе изврши геноцид“.

Кремљ категорично ја отфрла оценката на Бајден дека „специјалната воена операција во Украина“ е геноцид и го обвинува Вашингтон со „лицемерието“.

Слични содржини