Трудо: Веднаш да се воведат царини за стоки од САД

од Milan1
21 прегледи

За време на говорот во канадскиот парламент, премиерот Џастин Трудо рече дека Канада веднаш ќе започне со примена на царини за американски стоки во вредност од 30 милијарди долари.

Трудо најави дека за 21 ден ќе бидат воведени царини за преостанатите американски производи во вредност од 125 милијарди долари како одговор на тарифите наметнати од администрацијата на Трамп, пишува „CBS News“.

На прашањето дали размислува да го оданочува извозот на нафта, гас во САД, Трудо одговори дека ниту еден дел од земјата не треба да носи поголем товар од другите.

„Најважното нешто во овој момент, поважно од било што друго, е Канаѓаните да останат обединети. Ова е време да се здружиме“, рече Трудо, пренесува „Танјуг“.

Канадските провинциски премиери го изразија своето противење на оданочувањето на извозот на нафта и гас.

Слични содржини