Над 100 луѓе, меѓу кои дури девет деца, завршија во болница поради гастроинтестинални проблеми наводно поврзани со консумирање вода за пиење во различни делови на Грција. Девет деца се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, а еден маж завршил на Одделот за интензивна нега.
Здравствените служби се во состојба на готовност откако дознаа дека водата технички не е исправна во Стефановкио и Ризомилос откако над 100 лица се примени во болницата и Здравствениот дом во Велестин.
Според неофицијални информации, салмонела била пронајдена кај две деца.
Граѓаните се информирани за забраната за консумирање вода за пиење и тоа ќе трае, велат, најмалку 20 дена. Исто така, ќе се врши анализа и истрага на водата за да се утврди причината што ја предизвикала контаминацијата на водата.