Царовска: Хибридниот модел даде посакувани резултати на полугодието реализирано во вонредни услови

319 прегледи

На денешниот онлајн состаноок на Министерката за образование и наука, Мила Царовска и директорите на основните и средни училишта беше заокружено првото полугодие во рамки на учебната 2020/21 година.

Сепак, на овој состанок директорите оценуваат дека се постигнати резултатите иако беше вонредна состојба и иако на почетокот се пружаше отпор кон онлајн наставата. Според нив, хибридниот модел дал успешни резултати.

„Со над 90 % ученици коишто успешно следеа онлајн настава, со помалку од 1 % активни случаи на Ковид-19 кај наставниците и учениците кои посетуваа настава со физичко присуство и со редовна динамика на емитување на часови на македонски и албански јазик на Националната телевизија слободно можеме да кажеме дека успешно го заокруживме првото полугодие. Наставниот материјал е поминат според предвидените скратени програми, а учениците се оценети“, посочија директорите на состанокот.

Министерката Царовска потенцираше дека со хибридниот модел на настава: онлајн, со физичко присуство и со емитување на часови на телевизија се постигна континуитет во наставата.

„Огромна благодарност до директорите, наставниците, учениците и родителите коишто со силна посветеност и ангажман направија се успешно да се реализира наставата во услови на пандемија“, истакна Царовска.

Слични содржини