Царовска: Инклузивно образование значи и квалитетно образование

од Andreja Salpe
381 прегледи

На денешното отворање на сензорната соба во ООУ „25 мај“ во Скопје, која е наменета за учениците со пречки во развојот, присуствуваше министерката за образование Мила Царовска која истакна дека инклузивните училишта значат, квалитетно образование, односно образование во кое децата ќе знаат разликите да ги препознаваат како квалитет, наспроти можноста за дискриминација.

– Навистина е значајно да се посети едно училиште кое во континуитет вложува во својата инфраструктура и во квалитетот и капацитетот на нивните наставници. Инклузивно образование, инклузивни училишта значат и квалитетно образование, образование во кое нашите деца знаат да се препознаваат во своите разлики и тие да ги истакнуваат како квалитет наспроти можност за дискриминација. Сензорната соба дава можност за подобар квалитет на учењето кај учениците со атипичен рзвој, но не и само за нив туку и за останатите ученици кои што имаат потреба за користење на вакви дополнителни ресурси во училиштата, изјави Царовска.

Исто така, таа додаде дека Општината Гази Баба заедно со Владата и со државните институциите треба и понатаму во континуитет да вложуваат за училиштата да станат центар на заедниците.

– Креираме политики кои што значат инклузивност, тоа го гарантира новата концепција за основно образование, тоа го гарантира и новиот закон за учебници кој што за првпат препознава аудио верзија од сите учебници кои што треба да се воведат и исто така учебници кои што се подготвени на брајово писмо  за да може учениците со оштетен вид да ги користат учебниците што не беше пракса до денеска, заклучи Царовска.

Стимулативите содржини кои се дел од сензорната соба се користат за да се обезбеди дополнително сензорно стимулирање на сите сетила кај овие деца со атипичен развој. 

Слични содржини