Царовска на министерска панел дискусија во Светската банка за социјални реформи

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на панел на тема „Политичко-економски фактори во реформите и спроведувањето на социјалната заштита“, што се одржа во седиштето на Светската банка во Вашингтон, со којшто оваа меѓународна финансиска институција ја стартуваше неколкудневната обука за социјална работа и заштита.

– Со подобрувањето на квалитетот на животот на најранливите го подобруваме квалитетот на животот на општеството како целина. Реформата во системот на социјална заштита има трансформативен потенцијал за целото општество. Со менувањето на начинот на којшто ги перципираме и се грижиме за лицата во социјален ризик го менуваме и целото општество, истакна министерката Царовска.

Пред почетокот на обуките Царовска имаше работна средба со Коен Давидсе, извршен директор на Светската банка и преставник на конституенцата на Банката во Северна Македонија, на која разговарале за социјалната реформа што успешно се имплементира веќе неколку месеци во земјава, како и за инвестирањето во човечкиот капитал, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

На следните панел дискусии во СБ ќе се дебатира на теми за зајакнување на социјалните услуги за подобрување на животот и животните услови на граѓаните, проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на социјалните услуги, вклучително и предучилишното образование за ранливите групи.

Слични содржини