Царовска: Пандемијата навистина ни покажа дека немаме интернет во секое школо и во секој дом

од Andreja Salpe
345 прегледи

Министерката за образование и наука, Мила Царовска во вечерашното интервју на телевизијата Клан Македонија, истакна дека оваа година образовниот систем покажа дека е спремен за брзо да се трансформира.

– Ковид19 на нашиот образовен систем му покажа дека може многу брзо да се трансформира. Во септември месец имаше дискусија дека онлајн учење нема да биде возможно и дека како министерство нема да можеме да обезбедиме систем кој двонасочно ќе направи комуникација ученик-наставник. Но, времето покажа дека се адаптираа наставниците, учениците и родителите. За многу скоро ќе може да кажеме дека имаме успешно завршена училипна година.

Во однос на дигитализацијата таа истакна дека е процес кој сите земји го спроведуваат.

– Ние не може да спиеме на увото дека светот ќе се менува, а ние ќе останеме исти. Ние мора да се менуваме со светот, бидејќи ние сме само една капка во целиот океан. Но, пандемијата навистина ни покажа дека немаме интернет во секое школо и во секој дом. Сиромаштијата создала јазови кои што треба да ги надминуваме.

Слични содржини