Царовска: Платформата е влог во иднината и модернизација на образованието

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Министерката за образование и наука Мила Царовска, рече дека подготовката на платформата е влог во иднината и модернизација на образованието.

– Платформата е првиот исчекор кон модернизација на образованието. Нова алатка, која сум убедена дека ќе биде значаен ресурс и по
надминување на кризата со корона вирусот. Периодот што следи нема да биде лесен ниту за професорите, ниту за родителите, ниту за учениците. Промените се секогаш тешки и прилагодувањето бара огромна жртва од сите нас, изјави Царовска.

За комбинираниот пристап што е избран, Царовска изрази уверување, дека ќе обезбеди добар баланс меѓу обезбедување на добро образование
и заштита на јавното здравје.