Царовска: Преку COST воведуваме нов начин на финансиска помош за науката и истражувањата

268 прегледи

На денешниот онлајн состанок со Роналд де Бруин, директор на Организацијата за Европска соработка во науката и технологијата и министерката за образование и наука, Мила Царовска, нагласена бепе заложбата на Владата за суштинска промена на третманот на науката и зголемување на нивото на јавни вложување во научно-истражувачка дејност, соопштија од Министерството за образование и наука.

„По долгогодишна маргинализација на науката во Северна Македонија и во услови на пандемија ја адресиравме потребата за планско финансирање на национални истражувачки проекти. Пандемијата потврди дека улогата на науката и технологијата во решавањето на предизвиците на современото живеење е круцијална и затоа буџетот за наука мора постојано да се зголемува“, истакна Царовска.

Науката е основата на целокупниот развој и напредок во општеството, за што се потребни големи вложувања. Од МОН затоа соопштија, дека се воведени три нови начини на финансирање. Грантови инаку ќе бидат достапки преку иновациските ваучери на ФИТР. Од следната година пак, ќе се воведе и поддршка за национални истражувачки програми, а во 2022. година веќе ќе биде вклучено и програмското финасирање кое, ќе се спроведува во континуитет, и ќе биде соддржано со нов Закон за научно истражувачка дејност.

Соработката на С.Македонија со европската мрежа на научници преку организацијата COST, обезбедува поддршка за активности за вмрежување и ги координира национално финансираните истражувања.

„По состанокот, над 60 учесници главно од академските институции, учествуваа на виртуелниот СОЅТ-инфоден за Северна Македонија, на кој се дискутираше за можностите за учество во СОЅТ програмата на земјите членки“, наведува ресорното министерство.

 

Слични содржини