124
За релативно кратко време два пати покачување на минималната плата, за ова министерката за труд и социјала Мила Царовска зборуваше во вечерашното гостување во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
-Првото покачување беше од 9.000 на 12.000 денари на минималната плата за трите гранки текстилна, кожарска и гранката за облека. за второто покачување се договаравме дури 8 месеци. Минималната плата ќе продолжи да расте и во 2020-та година. – вети Царовска.
-Не можете веќе да држите работник за минимална плата. Преку социјален дијалог и дебата заеднички ќе развиеме среќни работници – продуктивни работници. Држава ја гарантира минималната плата. Примањата ќе бидат квалитетни и ќе го поддржиме бизнисот. – додава Царовска.