Новата концепција во образованието ни нуди истото да биде инклузивно, и ќе овозможи, училиштата да бидат места каде децата ќе го научиме како да учат. Со ова се доаѓа до резултат каков што е личниот развој на ученикот, и поттикот да се размислува и носи заклучоци врз база на анализи и факти.
Така, идните генерации ќе можат да одговорат и да ги решат поуспешно сите предизвици, а истото ќе го прават и на своите работни места кои допрва ќе се создаваат во иднина.
Ова го констатираше, министерката за образование и наука, Мила Царовска во рамки на панел дискусијата на тема „Социо-економското влијание од Ковид 19 во С.Македонија“
Од МОН велат дека министерката посочила дека образованието во цел свет, па и кај нас се покажа дека не е имуно на пандемијата, но таа пак била причина да се забрзаат процесите на дигитализација.
На панел дискусија, додадоа од МОН, учествуваа и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани и Џихан Тавилах, претставник на Светска здравствена организација.