По денешната средба со УО на Зелс, министерката Мила Царовска ги објави заклучоците и ги насочи понатамошните чекори на ресорното министерство за презентација на концепцијата која се очекува да почне да се применува веќе од следната учебна година.
„Имавме состанок со ЗЕЛС, произлезе плодна дебата, заедно и со родителите и учениците. Дебатите нам ни се потребни, за да се расчистат дилемите кои се наметнаа, па оттаму работната група што ја креираше концепцијата се трудат, заедно со нас истата да почне со своја примена веќе од следната учебна година. До 20. јануари е рокот за сите писмени коментари, а сега ги интензивираме лице в лице дебатите со сите засегнати страни. Во нив спаѓаат градоначалниците, директорите, професорите, родителите, учениците, МАНУ, како и граѓанските и меѓународните организации“, истакна министерката Царовска.
На новинарско прашање, што е тоа што конкретно не се прифаќа во средбите или пак се предлага, Царовска вели дека нема конкретен став, туку стравот кој постои се намалува.
„Она што досега го гледам е страв во рамки на педагошката интеграција, која во одреден момент беше злоупотребена. Затоа досега нема нешто што конкретно не го прифаќаат, или пак, што го предлагаат. Со интензивните средби тој страв се намалува и тоа е добро“, заклучи Царовска