Царовска: Училиштата да ги надоместат сите загубени часови поради бојкотот

361 прегледи

Училиштата ќе се реорганизираат и ќе ги надоместат часовите кои ги загубија матурантите за време на бојкотот, посочи Министерката за образование и наука, Мила Царовска на новинарско прашање во рамки на дебатата во Штип врзана за стручното образование.

Меѓудругото, Царовска нагласи и дека сите оние кои сакаат да продолжат со високо образование понатаму, ќе мора претходно да ја положат државната матура, и повтори уште еднаш дека задолжени се Владата и ресорното министерство истата да ја спроведат и овозможат.

„Секое училиште има начин на којшто си ги надоместува изгубените часови, како секојпат кога има неможност да се спроведе наставата, така и овојпат ќе си се реорганизираат и тоа ќе се спроведе во училиштата“, истакна министерката, Царовска.

Слични содржини