223
Министерката за образование и наука, Мила Царовска според извори на МИА, се наоѓа во изолација, поради контакт со лице заболено од Ковид 19.
Како што е познато, поради тоа, се одложуваат сите средби и активности најавени за текот на следните денови.
Исто така, откажано е и присуството на јавната дебата врзана за Државната матура која ја организира Клубот за младински прашања и политики.
Како што пренесе МИА, на дебатата ќе учествува претставник од Министерството за образование и наука.