Цел тим на Џенова заразен со корона, а фудбал се игра во Италија

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Нови тројца играчи на Џенова се позитивни на коронавирус, што го зголеми бројот на заразени во редовите на италијанскиот клуб на 17.

Во Џенова, чиј натпревар против Наполи е одложен, вкупно 22 лица имаат Ковид-19, вклучувајќи и пет члена на техничкиот штаб.

Од 17 позитивни играчи, 11 го одиграа минатонеделниот натпревар против Наполи, клуб кој е ставен под зголемен надзор.

Досега само еден играч на Наполи, Полјакот Пјотр Зелински, беше позитивен на корона. За оваа сабота е закажана нова рунда на тестирања во Наполи, резултатите се очекуваат вечерва, ден пред натпреварот против Јувентус во Торино.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини не покани ниту еден играч на Наполи за претстојните натпревари. Италијанскиот фудбалски сојуз изјави дека таквата одлука е донесена „како претпазливост во очекување како ќе се развие епидемиолошката состојба по неодамнешните позитивни резултати на Ковид-19“.

Аталанта исто така пријави позитивен случај по тестирање на коронавирус, пред натпреварот против Каљари во недела. Лицето, чие име не беше соопштено, нема симптоми на болеста, изјави клубот од Бергамо и додаде дека тој го активирал протоколот за случајот коронавирус и ги информирал локалните власти.

Но, според сите сметки, фудбалот продолжува во Италија

Слични содржини