Цената на зејтинот во Косово достигна 3,5 евра, граѓаните ги празнат полиците

од Nikola Popovski
244 прегледи

Граѓаните на Косово јужно од Ибар утрово доживеаја, во најмала рака, непријатно изненадување. Цената на еден литар сончогледово масло во некои продавници е 3,5 евра, што принуди многу граѓани во паника да купуваат од маркетите, јавуваат приштинските медиуми.

За вечерва од Министерството за индустрија, трговија и претприемништво најавиле ригорозни контроли за стопанските субјекти.

Во соопштението на министерството се наведува дека некои трговци прво ги испразниле полиците, за да се создаде впечаток на недостиг, а потоа маслото го вратиле по новата цена од 3,5 евра.

Владата во Прштина пред само еден ден им се закани на трговците кои ги злоупотребуваат цените, а нафтата веќе еден ден поскапе за речиси 50 отсто.

Медиумите јавуваат дека поскапувањето предизвикало паника кај граѓаните, па полиците со брашно и масло на поголемите маркети често може да се видат празни.

Слични содржини