На Волстрит цените на акциите паѓаат трет ден по ред, бидејќи американската инфлација достигна ново највисоко ниво во последниве 40 години, па инвеститорите стравуваат дека американската централна банка агресивно ќе ја заостри монетарната политика, пренесе Ројтерс.

Dow Jones падна за 0,26 отсто, S&P 500 0,34 отсто и Nasdaq 0,30 отсто, иако претходно беа на позитивна територија за повеќе од еден отсто додека пазарот се обидуваше да ги надомести загубите од претходните денови. По веста за рекордна инфлација, индексите паднаа.

Официјално беше објавено дека во март потрошувачките цени во САД пораснале за 8,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, што е највисока стапка на инфлација од 1981 година. Британската агенција наведува дека тоа најмногу се должи на поскапувањето на горивата.

„Иако овие податоци се во согласност со очекувањата, тие не потсетуваат дека ФЕД не може само да седи настрана, туку мора да преземе акција и тоа итно“, вели Пол Нолте, портфолио менаџер во Kingsview Asset Management.

На својата мартовска седница, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за прв пат од 2018 година, за 0,25 процентни поени, а најверојатно ќе ги зголеми за дополнителни 0,50 процентни поени веќе во мај.

Записникот од неодамнешната седница на ФЕД покажа дека може да има агресивни зголемувања на каматните стапки во наредните месеци и дека е постигнат начелен договор дека билансите на ФЕД, кои пораснаа за неколку илјади милијарди долари во борбата против кризата со коронавирусот, треба да се намали за 95 милијарди долари месечно.

Сето ова покажува дека ФЕД е подготвен за поагресивен напад на инфлацијата од очекуваното, а заострувањето на монетарната политика би можело значително да го забави растот на најголемата светска економија, па дури, стравуваат инвеститорите, да предизвика и рецесија.

Инвеститорите се во дефанзива и поради војната во Украина, која тврди дека Русија подготвува нова офанзива и покрај мировните преговори.

Слични содржини