Цените на нафтата паднаа под 95 долари

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Цените на нафтата денеска паднаа под 95 долари на меѓународните пазари под притисок од стравот од рецесија и повторното разгорување на инфекцијата „Ковид-19“ во Кина, што поттикна загриженост за побарувачката.

На лондонскиот пазар барел нафта попладне се тргуваше по пониска цена од 1,63 долари од вчерашната затворена цена од 94,56 долари. На американскиот пазар неговата цена падна за 1,88 долари, на 89,31 долари. Пазарите денеска ги загрижија мрачните прогнози за светската економија.

Позначителен пад на цените беше спречен со стесната понуда и најавата на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, дека од ноември ќе го намалат целното ниво на производство за два милиони барели дневно.

„Понудата би можела да биде недоволна и во следната година бидејќи, според одлуката на ОПЕК+, одлуката за намалување на производството треба да остане во сила до крајот на 2023 година“, потсетуваат аналитичарите на Комерцбанк.

Во посебен извештај, ОПЕК денеска објави дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во понеделникот изнесувал 99,13 долари, што значи дека цената пораснала за 1,7 долари.

Слични содржини