237
Цените на нафтата се во пад денеска по дводневниот пораст бидејќи инвеститорите анализираат голем број фактори кои влијаат на понудата и побарувачката, почнувајќи од ефектите од рускиот напад врз Украина до мерките за затворање на Кина поради коронавирусот.
Светската референтна нафта Брент за испорака во наредните месеци (фјучерс договори) се тргува по цена од 107,7 долари за барел, пониска за 0,98 отсто од средата, а американската нафта WTI падна за 1,05 отсто на 103,2 долари за барел, покажуваат податоците од порталот oilprice.com кој ги следи цените на нафтата во реално време.
Сепак, цените и на двата вида нафта и понатаму се значително повисоки од пред една недела.