Цените на недвижностите во развиените земји сега се за 10 проценти повисоки од повеќегодишниот просек, што ги става идните купувачи на станови во многу неповолна положба, пишува „Пословни дневник“.
Во првиот квартал од оваа година, просечниот годишен раст на цените на недвижностите во 40 земји на ОЕЦД изнесуваше 9,4 проценти, што е најсилен раст во последните три децении и тој продолжи во наредниот квартал.
Аналитичарите велат дека причината за овој нагло зголемување се ниските каматни стапки, заштедите акумулирани во последната година и потребата за станбен простор поради зголемениот обем на работа од дома.
Клаудио Борио од Банката за меѓународни порамнувања предупредува дека купувањето сопствен стан на Запад наскоро ќе стане се понепристапно за пошироките народни маси, бидејќи цените на недвижностите растат побрзо од платите.