Цените на „црното злато“ на највисоки нивоа во последните две години

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Цените на нафтата се зголемија на светските берзи минатата недела, трет пат по ред и достигнаа нови највисоки нивоа за повеќе од две години, бидејќи трговците очекуваат дека, благодарение на заздравувањето на најголемите светски економии, побарувачката за нафта ќе продолжи да расте. На лондонскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 1,1 процент минатата недела, на 72,69 долари, ново највисоко ниво од мај 2019 година, пишува порталот „SEEbiz“.

Од друга страна, на американскиот пазар цената на барелот скокна скоро 1,9 проценти, на 60,91 долари, што е највисоко ниво од октомври 2018 година.

Растот на цените на нови највисоки нивоа за повеќе од две години се должи на податоците кои покажуваат дека најголемите економии во светот стабилно се опоравуваат од корона кризата.

„Побарувачката расте побрзо од понудата, така што ќе треба да ја зголеми понудата за да ја покрие целата побарувачка“, вели Фил Флин, аналитичар во групацијата „Прајс фјучерс“.

Ценовната поддршка е дадена и од вестите за повторно отворање на економиите во Европа, благодарение на забрзувањето на процесот на вакцинација против ковид-19.

Аналитичарите на „Голдман Сакс“ проценуваат дека цената на барел на лондонскиот пазар ќе достигне 80 долари ова лето, бидејќи забрзувањето на процесот на вакцинација ги стимулира економските активности.

„Вакцинацијата во САД и Европа ја зголемува побарувачката во исто време кога ОПЕК + го ограничува производството, што ги поддржува цените“, вели Енди Липоу од „Lipow Oil Associates“.

Минатата недела трговците се фокусираа на проценката на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) дека големите производители ќе мора да го зголемат производството за да ја задоволат побарувачката, која треба да се врати на нивото на пред-пандемијата до крајот на следната година.

„ОПЕК + мора да ги отвори славините со цел соодветно снабдување на светските пазари на нафта. Во 2022 година има простор за 24 членки (иницијативи на ОПЕК +), предводени од Саудиска Арабија и Русија, да го зголемат снабдувањето со сурова нафта за 1,4 милиони барели дневно над целното ниво за периодот од јули 2021 година до март 2022 година“, порача ИЕА.

Аналитичарите, пак, укажуваат на знаци на закрепнување на сообраќајот во Соединетите држави и Европа.

Охрабрувачките податоци покажуваат дека сообраќајот во Северна Америка и поголем дел од Европа се враќа на нивоата пред пандемија, според истражувањето на ANZ.

Слични содржини