Најголемата физичка лабораторија во Европа и дом на големиот хадронски ЦЕРН пушти во употреба нов акцелератор на честички одреден како клучен чекор кон спроведување на експерименти, кои се обидуваат да одмрсат некои од најголемите мистерии на универзумот.
До 2021 година, новиот акцелератор, наречен Linac 4, треба да биде поврзан со хадронски – најмоќниот инструмент за судир на протони во светот. Лабораторијата долго време изразува надеж дека продолжувањето на акцелератор може да помогне значително за отворање на нови честички и дури за докажување на постоењето на други просторно-временски димензии.
Во соопштението на ЦЕРН се наведува дека новиот уред ќе може да судира протони со три пати повеќе енергија од досега, а надежите се дека кај посилниот судир научниците ќе можат да добијат повеќе информации. Новиот уред “значително ќе го зголеми потенцијалот на експериментите со Големиот хадронски”, посочуваат уште од лабораторија.
Linac 4, кој е долг 90 метри, се гради во текот на речиси деценија и ќе биде пуштен во употреба по серијата тестови. Досега хадронот помогна за правење на голем број важни откритија. Во 2012 година беше користен за докажување на постоењето на хигсовиот бозон, познат уште како “божествената честичка”. Неговото постоење влегува во т.н. стандарден модел – теоријата за честички, составни на материјата и силите кои ги движат. Една од целите на акцелераторот е истражување на аномалиите во Стандардниот модел, кои би можеле да подразбираат за нови димензии. Слични експерименти би можеле да помогнат за објаснувањето на темната материја и темната енергија, за кои во моментов научниците знаат многу малку, иако заедно сочинуваат околу 95% од универзумот.