Цетински се потсети на Тоше во емотивна објава

од Vladimir Zorba

Денеска се навршуваат 14 години од прераната смрт на Тоше Проески, а Тони Цетински на својот профил на Инстаграм сподели емотивна објава во која се потсети на нивното пријателство.

„Дури и денес, четиринаесет години подоцна, ми е тешко да зборувам за Тоше, како и првиот ден кога тоа се случи“, започна тој.

„Со неговото заминување, ништо повеќе не е исто, и секој ден, месец и година ми недостасува уште повеќе, не само на мене, туку мислам дека сите ние што имавме привилегија да го знаеме, да се дружиме, да работиме заедно, да се радуваме и да тагуваме !“

„Искрено верувам дека тој отиде од овој во подобар свет, но благодарение на неговите дела и пред се човечките доблести и скромност, тој останува засекогаш доказ и еден од оние што ја враќаат вербата во човештвото и Бог.

Сигурен сум дека на свој начин тој внимава и не штити со се што постигна во текот на овој земен живот, бидејќи тој беше и останува ангел на добрината“, додаде тој.

„Го сакаме засекогаш, и се што планиравме заедно, знам како ќе надоместиме кога ќе се сретнеме на некое место, во вселената. Засекогаш во срцето“, заврши тој.

Слични содржини