351
Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ (47) на својот Инстаграм профил го објави првото Инстаграм стори во врска со нејзината нова љубов – Богдан Срејовиќ (38) откако се дозна дека се во емотивна врска.
Имено, пејачката сподели видео од ресторан каде позира со ќерката на Богдан од првиот брак, малата Искра, која Срејовиќ ја доби со сегашната девојка на Саша Ковачевиќ, Зорана.
Двете видно уживаа и се смееја, а на крајот малата Искра ја бакна Цеца.
Да потсетиме, Цеца неодамна престојуваше во Крагуевац, каде го запозна и таткото на Богдана.