395
Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ пееше во саботата, на 15 мај, по една година пауза, на приватна забава. Станува збор за прослава на нејзини пријатели, на која присуствуваа Цеца и нејзината ќерка Анастасија со своето момче Ѓорѓе Куљиќ.
Неколку снимки се појавија од веселбата, а најголемо внимание привлече онаа на која Анастасија го зела микрофонот и видно расположена го отпеа својот хит „Ране“, а човекот кој седеше на истата маса, покрај Цеца, извади банкнота и ја стави во раката на Анастасија.
Цеца погледна во него, потоа во Анастасија, а потоа од раката ѝ ја извади банкнотата од веројатно 5.000 динари и им ја даде на музичарите.