268
ОТКАКО беше забележано дека на Инстаграм профилот на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ веќе нема слики со нејзиното момче Богдан Срејовиќ, со кого е во врска од јануари, се крена голема прашина со прашањето дали дошло до разделба.
Пејачката потоа се огласи на Инстаграм, поточно на „стори“ на нејзиниот профил и изјави дека тоа не е точно.
Да потсетиме, ова се две заеднички фотографии на Цеца и Богдан направени пред дваесетина дена, на кои музичката sвезда позираше со 9 години помладиот бизнисмен на квадрицикл.
Тие слики веќе ги нема на профилот на пејачката, но на Богдан сè уште е нивната заедничка, со насмеаната Цеца за време на ручек со пријателите.
Како и да е, љубовта сè уште цвета, сега веќе нема дилема!