Како гостинка во првото издание на емисијата „Магазин ИН“ во Новата година, српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ истакна дека ужива во секој момент што го поминува со внукот, а потоа призна дека тој ја подмладил.
– Единствениот човек што го окупира моето внимание е Жељко, внукот, и тој нема апсолутно никаква конкуренција. Ништо не ми е тешко и ова не го кажувам туку така, тој целосно ме промени, дури мислам дека ме подмлади – изјави Цеца.
– Бев многу посветена на моите деца и им се подредив, токму затоа што тие се без еден родител. Никогаш не се доселив со партнер или живеела, само за моите деца да имаат слобода и да не мислат дека некој ќе им ја земе мајката. Така е и сега со внукот. Јас сум негова пријателка, јас не сум баба – вели Цеца.