405
Цеца Ражнатовиќ синоќа одржа настап во Сокобања, а по тој повод, освен со хитовите и одличната атмосфера, воодушеви и со својот изглед.
Цеца се појави во издание во кое досега не сме имале можност да ја видиме – нејзината коса беше сплетена во плетенки, а многумина го пофалија нејзиниот сосема нов имиџ.
Пејачката за оваа пригода избра зелен фустан со длабок шлиц, а ова елегантно издание не ја остави рамнодушна публиката.
Цеца ги редеше своите бројни хитови до доцна во ноќта, а насобраните ја пееја секоја песна во дует со неа.