ЦИА: Убиени се меѓу две и четири илјади руски војници

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Од почетокот на инвазијата на Украина загинале меѓу 2.000 и 4.000 руски војници, изјави директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс.

Според „Гардијан“, дипломатот, поранешен американски амбасадор во Москва, исто така рекол дека САД одржуваат „интензивно споделување разузнавачки информации“ со Украина, вклучително и детали за военото планирање на Русија, и дека тоа ќе продолжи да го прави секојдневно.

„Постојат мали шанси Владимир Путин да се пензионира. Но, ЦИА не гледа како тој може да ја постигне својата цел да го преземе Киев и да ја замени владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски со некое промосковско или марионетско раководство“, додаде Барнс.

ЦИА проценува дека вкупниот број на загинати руски војници „далеку надминува“ 500, колку што руското Министерство за одбрана пред неколку дена објави дека загинале во акција.

„Мислам дека Путин сега е лут и фрустриран. Веројатно ќе ги удвои напорите и ќе се обиде да ја уништи украинската армија, без разлика на цивилните жртви“, истакна директорот на ЦИА, говорејќи во Претставничкиот дом.

Слични содржини