Цигара, тренерка, банка … Лацио на одличен начин го најави доаѓањето на новиот тренер!

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот стручњак Маурицио Сари (62) е нов тренер на Лацио, официјално објави римскиот клуб!

И тоа на многу оригинален начин, со криење на името на новиот тренер кој беше „предаден“ од цигара, со оглед на тоа дека Сари е страствен пушач.

Договорот беше потпишан на две години, а Сари ќе заработува три милиони евра по сезона – со можни бонуси кои можат да се зголемат за уште еден милион.

Сари на клупата на Лацио го менува Симоне Инзаги, кој го презеде Интер, тнемаше клуб за претходната година, но беше на платниот список на Јувентус со кој ја освои титулата за сезоната 2019-2020.

Слични содржини