Циклон ги погоди Мозамбик, Зимбабве и Малави, 140 мртви

од desk2
125 прегледи

Африканските држави Мозамбик, Зимбабве и Малави беа погодени од циклон кој однесе повеќе од 140 животи.

Хидрометеоролошкиот центар на Мозамбик предупреди на силни дождови и прогнозира дека такво време ќе продолжи до недела.

Обединетите нации предупредија дека ќе има големи штети на насадите што дополнително ќе предизвика недостаток на храна.

Мозамбик и Малави, две од најсиромашните земји во светот, се на мета на смртоносни поплави за време на дождовната сезона и хронична суша за време на сушната сезона.

Властите во Мозамбик работат по цел ден да ги отстранат штетите што ги предизвика тропската бура што го зафати во четврток вечер, со ветрови до 170 км/ч.

На фотографиите што се споделуваат на Твитер се гледаат откорнати дврја, искинати електрични кабли, откорнати покриви и паднати билборди.