Циципас го нападна Ѓоковиќ: Изгледаме како будали поради него

од Vladimir Zorba

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас доста остро денеска кажа дека Новак Ѓоковиќ ги направил другите да изгледаат како будали.

„Тој дефинитивно игра по свои правила и прави некои работи за кои повеќето играчи не би имале храброст да ги направат. Особено што АТП објави јасни критериуми за влез во земјата. Никогаш не сум помислил да одам на турнир невакциниран и да ги прекршувам протоколите“, рече Циципас.

Потоа се сврте кон правилата на турнирот.

„Не се сите расположени да ги почитуваат правилата поставени од државата, мал процент сам си го избира патот и прави повеќето од нас да изгледаат како будали“, додаде Гркот.

Слични содржини