Цивил со панел дискусија во Гевгелија „Попис: Статистика, не политика“

336 прегледи

„Попис: Статистика, не политика“ е насловот на панел дискусијата, која што ќе се одржи денеска во Домот на културата во Гевгелија.

Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата ќе биде одржана без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од панел дискусијата ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата на македонски, албански и англиски јазик.

Во фокусот на панел дискусијата ќе биде потребата да се одвои политиката од статистиката, бидејќи пописот тоа и е – статистичка операција, а не полигон за етно-политички пресметки. Учесниците ќе бидат од различни градови во нашава земја, и ќе споделат информации за подготовките на пописот и неговото значење за развојот на општините, економијата, стопанството и градењето политики и практики на локално и национално ниво.

Настанот е дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од Националната фондација за демократија (National Endowment for Democracy) од САД.

Слични содржини