Цивил: Во ист објект, со различен влез се наоѓаат избирачко место и штаб на политичка партија во Црешево

од desk4
76 прегледи

Во ист објект со посебни влезови во село Црешево, општина Гази Баба се наоѓаат избирачкото место 2549 и штабот на една политичка партија, известуваат од Цивил.

Спроед нив, гласачите пред да влезат на гласање, партиски активисти гласно ги повикувале прво да влезат во партискиот штаб, а потоа да го остварат правото на глас.

Пред избирачкото место и пред штабот, покрај партиските активисти имало и полиција која не реагирала и ништо не преземала, велат од Цивил.