Градот Днипро во Украина се уште не е нападнат од руските сили, но граѓаните се подготвуваат за најлошото. Украинските цивили помагаат да се направат молотови коктели за да ја одбранат својата татковина од руската инвазија.
Британските медиуми разговарале со група жени кои правеле молотови коктели во паркот.
На бројни фотографии и снимки од светските медиуми се гледаат стотици луѓе во паркот како рендаат стиропор во шишиња.
Стиропорот е наменет да и помогне на запаливата бомба да се залепи на возила и други цели, пишува „Sky News“.
Наставничката Арина рече дека никој не очекувал вака да го поминат овој викенд.
„Сепак, ова го правиме сега и се чини дека сега е најважно. Иако сè уште не сме загрозени, не можеме да продолжиме да живееме како ништо да не се случува. Мораме да направиме нешто“, рече таа.
На неколку метри Елена и Јулија велат дека ги оставиле децата кај баба и дедо им, да дојдат да помогнат во производството на оружје.
„Да седеш дома и да не правиш ништо беше уште пострашно“, рече Елена, не запирајќи ни секунда.
„Не ми се верува дека ова ни се случува, но каков избор имаме? Никој не не консултирал за ништо“, рече Елена.