ЦРН БИЛАНС ПО ПРВИОТ ДЕН ОД ВОЈНАТА: Во Украина загинаа 57, а ранети се 169 лица

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Министерот за здравство во Владата на Украина, Олех Лашко изјави дека денеска 57 лица загинаа, а 169 се ранети откако Русија изврши напад од целосен обем.

Во исто време, заменик-министерот за одбрана изјави дека силното руско гранатирање се уште трае во источниот регион на Доњецк, пренесе Ројтерс.

Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука да започне специјална воена операција во Донбас.

Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина. Путин ги предупреди и сите оние кои евентуално би можеле да се мешаат во ситуацијата во Украина.

Потоа, вооружените сили на Украина трипати за 35 минути ја гранатираа територијата на ЛНР и три населени места во ДНР, вклучувајќи го и Доњецк.