ЦРН РЕКОРД во Русија: 652 лица починаа од корона во еден ден

од Stefanija Kuzmanovska
379 прегледи

Русија денес забележа рекорден број на смртни случаи од корона од почетокот на епидемијата во таа земја. Русија моментално доживува трет бран, што дополнително се влошува со делта сојот кој брзо се шири, а властите во Москва воведоа задолжителна вакцинација со цел да ја зголемат вакцинацијата на населението, пренесува The Moscow Times.

Во последните 24 часа, 652 лица починаа од последиците на инфекција со корона. Последниот ваков црн рекорд беше поставен на 24 декември, кога 635 лица починаа во еден ден во Русија.

Санкт Петербург, кој оваа недела е домаќин на четвртфиналниот натпревар на Европското првенство во фудбал, исто така бележи рекорден број на смртни случаи од 119 во еден ден.

Најлошо е во Москва, каде рекорден број на луѓе починаа втор ден по ред. Вчера се евидентирани 124 смртни случаи, а денес 121.

Денес во Русија се забележани 20.616 нови случаи на инфекција.

Слични содржини