Турција денес објави нов рекорден дневен број од 62.797 новоинфицирани со коронавирус и 279 смртни случаи во последните 24 часа, што е најмногу од почетокот на епидемијата во земјата.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган најави делумен локдаун денес во првите две недели од муслиманскиот месец Рамазан во обид да се спречи ширењето на инфекцијата. Тој исто така предупреди дека ќе бидат воведени нови мерки доколку не започне да паѓа бројот на заразени.
Мерките вклучуваат забрана за меѓуградски патувња, враќање на онлајн-наставата, затворање на спортските и културните центри и продолжување на ноќниот полициски час.
Министерството за здравство објави дека Турција минува низ третиот бран на инфекции и дека околу 85 случаи можат да бидат поврзани со британскиот сој.
Досега, повеќе од четири милиони заразени со вирусот се потврдени во Турција, седма најголема бројка во светот, а повеќе од 34.000 смртни случаи се потврдени.