Црна Гора: Нови 66 лица заразени, едно лице почина

од Stefanija Kuzmanovska
108 прегледи

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 66 нови случаи на коронавирус и едно починато лице, објави денеска Институтот за јавно здравје на земјата. 479 примероци беа анализирани за новиот коронавирус.

Пациент лекуван во Беране починал од коронавирус.

Станува збор за маж од Рожаје, додека во тек се лабораториски анализи за уште три смртни случаи за кои се сомнева дека причината за смртта била инфекција со новиот коронавирус, се наведува во соопштението.

Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 15, а две лица се опоравени.

„Од почетокот на јуни, вкупниот број регистрирани случаи е 963, со 15 потврдени смртни случаи и во моментов 15 оздравени. Бројот на активни случаи е 933“, се наведува во информацијата.

Од Институтот за јавно здравје наведуваат дека вкупниот број тестирани во лабораториите на Институтот е 24.972.