Црна Гора вложува 100 милиони евра во ски центри

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Црногорската Влада до 2022 година ќе вложи околу 100 милиони евра за изградба на нови ски центри, сметајќи ја и комплетната патна, електро и комунална инфраструктура, изјави директорот на Управата за јавни работи, Решад Нухоџиќ.

Тој истакна дека Управата за јавни работи моментно има повеќе од 100 проекти и во нивни рамки значаен број на подпроекти, кои се во различна фаза на реализација, а повеќето се во северниот дел на Црна Гора.

– Таквиот однос претставува директна поврзаност со стратешкото определување на црногорската Влада дека со вложување во инфраструктурниот развој на северниот регион се влијае на рамномерниот развој на државата, а на граѓаните во северниот дел да им се овозможи повисок животен стандард, нагласи Нухоџиќ.