Во своето последно интервју, милијардерот и филантроп Бил Гејтс (65) предупреди на уште две катастрофи што „многу веројатно ќе го загрозат светот“ .
Основачот на Мајкрософт за каналот Веритасиум рече дека светот нема да биде подготвен за појава на нов смртоносен вирус во наредните години. Тој исто така спомена дека верува дека најголемите закани за човештвото се климатските промени и биотероризмот.
– Не е добро чувството кога можеш да кажеш ‘ти реков …’. Можеби требаше да бидам поубедлив? Постојат голем број на респираторни вируси, а друг ќе дојде од време на време. Респираторните заболувања се страшни затоа што сè уште можете да шетате, да патувате со авион или автобус додека сте заразни – за разлика од некои други болести како еболата каде лежите во болнички кревет.
– Зошто не е сторено повеќе во однос на заштитата? Постојат ризици како што се повторувани земјотреси, или војни, пожари, урагани … Пандемиите не доаѓаат толку редовно и се смета дека во следните години тоа нема да биде проблем, па затоа не треба да вложувате толку многу пари во него. Оваа пандемија ќе нè натера да разбереме дека ова треба да биде приоритет – рече тој.
– Климатските промени се една работа. Секоја година, повеќе луѓе ќе умираат отколку што умреле во оваа пандемија – рече тој, додавајќи: – Биотероризам.
Некој што сака да направи штета може да создаде вирус, што значи дека шансата за тоа е многу поголема отколку за природните епидемии како сегашната – рече тој и заклучи дека човештвото нема доволно моќ да ги запре пандемиите. „Сепак, можеме да сториме повеќе за да бидеме подготвени за следниот, така што морталитетот никогаш да не биде толку голем како денес“, додаде тој.
Претходно, тој предупреди за интелигентни роботи кои ќе го загрозат човештвото.
– Се плашам од вештачката интелигенција. Прво ќе завршат работа наместо луѓе и тоа ќе биде добро, но неколку децении подоцна ќе бидат толку интелигентни што ќе биде загрижувачки – рече Гејтс.