Црногорски министер не го признава геноцидот во Сребреница

од Nikola Popovski
335 прегледи

Црногорскиот министер за правда и човекови и малцински права Владимир Лепосавиќ во петокот рекол дека ќе признае дека во Сребреница се случил геноцид, само кога тој ќе биде недвосмислено утврден, бидејќи Хашкиот трибунал што го потврдил тоа „го изгубил својот легитимитет“.

Одговарајќи на прашањето за опозицијата во црногорскиот парламент, дали тој признава дека се случил геноцид во Сребреница, Лепосавиќ истакнал дека не знае дали криминалците во Сребреница имале геноцидна намера или не, но дека може да верува само во она што го рекле судиите од меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг.

Сепак, тој посочил дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата, која го оквалификува злосторството во Сребреница како геноцид, се заснова на наодите на Хашкиот трибунал, кој, според него, речиси целосно го изгубил легитимитетот кога во тој суд биле уништени доказите на известувачот на Советот на Европа за трговија со органи на српски жртви во Косово.

„Јас сигурно нема да ја одречам правната валидност на одлуките на меѓународните тела и особено нема да ги оспорувам чувствата на Бошњаците и муслиманите“, рекол Лепосавиќ.

Тој посочил дека не е на министерот за правда, како и на секое лице кое не учествувало во настанот, да признае или евентуално да негира постоење на какво било кривично дело или воено злосторство.

Сепак, како што рече, тој е подготвен да им оддаде почит на сите жртви, особено на жртвите на Сребреница.

Пратеникот од опозициската Демократска партија на социјалистите Андрија Николиќ рекол дека министерот несмасно се криел зад формулациите со кои негира дека се случил геноцидот во Сребреница.

Реисот од Исламската заедница во Црна Гора, Рифат Фејзиќ вели дека стравува за патот на земјата кон ЕУ, доколку Црногорците не знаат дека се случил геноцид во Сребреница, „врз основа на одлуката на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг и ако е тоа е позицијата на црногорската влада“.

Слични содржини