346
Двајца офицери на воздушната хеликоптерска единица МУП одбиле да учествуваат во полициската акција, во која митрополитот црногорско-приморски, Јоаникије со хеликоптер беше пренесен на Цетиње, изјави за РТЦГ, директорот на Дирекцијата за вонредни ситуации во МУП-Црна Гора, Миодраг Бешовиќ.
Бешовиќ изјави дека против нив се преземени сите правни дејствија во согласност со законот.
„Како причина за одбивањето, тие изјавија дека не постојат безбедносни услови за хеликоптерска активност“, рече тој за РТЦГ.
Митрополитот и патријархот вчера пристигнаа на устоличување со хеликоптер на Армијата на Црна Гора.