Црвениот крст со апел за финансиска помош за населението во Украина

од Nikola Popovski

Црвениот крст на Република Северна Македонија се вклучи кон Апелот објавен од страна на Украински Црвен крст за помош на населението во Украина. Целта на овој Апел е да се обезбеди финансиска помош за населението во Украина.

Црвениот крст на РСМ како солидарна помош за настраданото население на Украина изводи 10.000 евра кои ќе бидат префрлени на Украинки Црвен крст.

Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат во Апелот со обезбедување на парична помош на:

– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за население во Украина.

– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400.

– За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Средствата можат да се донираат од 25.02.2022 до 15.03.2022 година.

Слични содржини